Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес го претстави првиот примерок на пакет со витаминска содржина наменета за сите пензионери во Србија.

Пакетот, наменет за најстарите граѓани, содржи минерал цинк, витамин Д3 и витамин Ц.

„Почитувани пензионери, ова е првиот примерок на торбата со содржината на она што треба да го набавите. Кога добивате подарок од вашата земја, тоа е затоа што сте направиле многу. Во оваа кеса има минерал-цинк, витамин Д3, витамин Ц. Сите добри витамини и минерали за зајакнување на имунитетот и организмот“, вели Вучиќ.

Тој посочува дека ова е еден мал подарок од државата.

„Ова е уште еден мал знак на внимание поради се што сте направиле досега за нашата земја и поради се што ни оставивте, а ние денеска мораме да одиме по вашите стапала и да направиме од Србија уште поубаво место за живеење“, додаде претседателот на Србија во видеото.