Граѓаните на Сан Франциско имале можност да видат необичен настан.

139 години старата куќа од викторијанска ера требало да биде преместена на друга адреса, неколку блока подалеку од оригиналната. Бидејќи куќата е со големина од 480 квадратни метри, проектот бил голем предизвик.

Куќата е во сопственост на Тим Браун, кој ја купил во 2013 година, и сега ја преместува покрај стара мртовечница со која новонаместената куќа ќе се претвори во станбена зграда со 17 станови. На местото каде досега стоела викторијанската куќа, ќе изградат станбен комплекс со 47 станови.

„Ова е најголемата возбуда што ја доживеав во последните десет години“, изјавил еден набљудувач за „ San Francisco Chronicle “ , а многу граѓани излегле на улиците да го гледаат интересниот потег за што било потребно камион со специјална приколка прилагодена за тешка и широка носивост. Поради преместувањето, работниците морале привремено да преместат некои бандери за улично осветлување, семафори и десетици сообраќајни знаци.