Германците поради недостаток на занаетчии веќе сега во просек чекаат над десет недели за извршување на некои занаетчиски услуги, а ситуацијата во блиска иднина би можело да се влоши, соопшти здружението на германски занаетчии.

„Нарачки има толку многу, што занаетчиите се присилени да одбиваат нови муштерии“, вели Фанк Ханс Петер Волсајфер, претседател на здружението на германски занаетчии.

„Многумина заминуваа во пензија и се плашиме дека голем број работници ќе нема кој да ги наследи“, објаснува Волсајфер.

Во моментов најмногу недостасуваат лимари, водоинсталатери, монтери на централно греење, а Волсајфер додава дека занаетчиите имаат и релативно високи плати.

„Мајстор на водечка функција може месечно да заработи од 3.500 до 5.500 евра“, напоменува претседателот на здружението на германски занаетчии.
Pogled.mk