Познатата македонска пејачка Татијана Стефановска вчера (15.06.2021) со објавата на својот Фејсбук ја изненади јавноста и своите Фејсбук пријатели – објави дека таа за првпат станала мајка на девојче.

„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“.

Под објавата се редеа емотивни честитки од фановите, по долгогодишната борба на Стефановска да се реализира како родител.

Имено, Татијана изминатиот период објавуваше фотографии само од себе, нo не објави фотографија од своето трудничко стомаче. Пејачката успешно ја чуваше оваа информација во тајност, па токму поради тоа веста ги шокираше и поголемиот број на нејзини колеги и колешки. Таа често беше активна на социјалните мрежи, но ништо не наговестуваше дека е во блажена состојба.

Битолчанка со години е во брак со музичарот Митко Бежановски и Ана е нивно прво дете, иако тој веќе има дете од првиот брак.