Кога работите не ви одат од рака, секогаш треба да знаете дека Господ има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде големи дарови.

Си биле еднаш три стебла на брдо во шума. Ги разгледувале своите надежи и сништа кога првото стебло кажало:„Еден ден се надевам дека ќе станам ковчег за благо. Можеби ќе бидам украсено со прекрасна гравура и секој ќе може да ја види мојата убавина“.

Тогаш второто стебло кажало:„Еден ден јас ќе бидам моќен брод. Ќе ги превезувам кралевите и кралиците преку водата и ќе пловам до крајот на светот. Секој ќе се почувствува сигурен во мене поради силата на мојот трап“.

Конечно третото стебло кажало:„Јас сакам да пораснам и да бидам најубавото и најрамното стебло во шумата. Луѓето ќе ме гледаат од врвот на брдото, ќе ги гледаат моите гранки и ќе мислат на небесата и на Господ и како јас сум им блиску. Јас ќе бидам најзначајното стебло на сите времиња и луѓето секогаш ќе се сеќаваат на мене“.

По неколку години после молитвите за нивните сништа да станат реалност пристигнала група дрвосечачи до стеблата. Едниот му пришол до првото стебло и кажал: „Ова и изгледа како силно стебло, мислам дека ќе можам да го продадам на дрвар“. И почнал да го сече стеблото. Стеблото било среќно. Знаело дека дрвосечачот ќе умее од него да направи ковчег за благо.

Кај второто стебло вториот двосеча кажал:„Ова стебло изгледа уште посилно, ќе го продадам на бродоградилиште“. Второто стебло било среќно. Знаело дека е на пат да стане моќен брод.

Кога третиот дрвосеча дошол до третото стебло, стеблото било исплашено, зошто ако го исечат, неговите сништа нема да се остварат. Третиот од дрвосечачите кажал:„Не ми треба ништо посебно од сите стебла, па еве ќе го земам ова“. И тој го исекол стеблото.

Кога првото стебло пристигнало кај дрварот од него направиле јасли за хранење на стоката. Го ставиле во штала полна со сено. Тоа не беше она за што тоа се молело.

Второто стебло било искористено за изработка на мал рибарски чамец. Завршија неговите сништа за моќен брод кој ги превезува кралевите.

Третото стебло било исечено во големи парчиња и оставено само во темница. Поминаа годии, стеблата ги заборавија нивните сништа.

Еден ден човек и жена пристигнале до шталата. Таа се породила и го ставила детето во јаслите кои се направени до вистинско дрво. Човекот посакуваше да можеше да направи колевка за бебето, но морал да се помири дека и овие јасли ќе послужат. Стеблото, гледајќи ја убавината на детето и неговата невообичаеност, ја почувствувало важноста на овој настан, претчувствувајќи дека во себе го чува најголемото благо на сите времиња.

Години подоцна, група луѓе влегле во рибарски брод направен од второто стебло. Еден од нив бил изморен и заспал. Додека пловел по водата, започнало големо невреме и стеблото увидело дека не е доволно силно да ги заштити луѓето. Луѓето го разбудиле човекот кој спие, тој станал и кажал:„Мир“ и невремето запрело. Тогаш стеблото увидело дека го превезувало кралот над кралевите.

Конечно, некој дојде и го зема третото стебло. Било носено низ улиците додека другите луѓе му се потсмевале на човекот кој го носи. Кога пристигнале на местото, човекот бил закован на стеблото и кренат во височина да почина на врв на брдо. Кога дошла недела, стеблото увидело дека било доволно силно да стои на врвот на брдото и да биде блиску до Господ, затоа што Христос беше распнат на него.

Поуката на ова приказна: Кога работите не ви одат од рака, секогаш знајте дека Господ има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви подари големи дарови. Секое стебло го добило тоа што го посакувало, само не начинот на кој го замислило. Ние не знаеме што Господ испланирал за нас. Знаеме дека Неговите патишта (начини) не се наши патишта (начини, но неговите патишта (начини) се секогаш најдобри.