Кога еден дедо од Србија објавил личен оглас на TikTok, не ни помислувал дека тој ќе стане популарен. Неговото видео го насмеа целиот регион и со голема брзина се споделува на социјалните мрежи.

Имено, тој во својот оглас бара жена на социјалните мрежи, а како што вели ќе и плаќа 25.000 денари месечно. Он на социјалната мрежа Тик Ток објави своја фотографија со порака дека бара баба.

„Добив многу негативни коментари. Сакам сериозна врска. Имам пензија од 60.000 денари, на баба ми секој месец ќе и давам по 25.000 денари. Од 65 до 79 години ми треба баба“, кратко и јасно изјави.

Неговата објава доби многу лајкови, но и духовити коментари.

„Ќе бидам баба ако треба“, напишал еден корисник на социјалната мрежа, алудирајќи на големата месечна сума што се нуди за потенцијална „невеста“.

Понудите се слеваат од сите страни, а му пишале и некои повозрасни дами кои му велат дека не им требаат пари, туку љубов.