Првата партија која објави официјално дека ја прифатила понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да биде дел од новата влада е Демократската партија на Албанците.

Азем Садику од ДПА го изјави ова по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците. Садику најави дека се формирани  работни групи кои ќе разговарат за детаљите.

„Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата. Формирани се работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски”, изјави Садику.