Sad boy at home.

Најголем број од родителите ќе ви кажат дека децата се најубавото нешто што некогаш им се случило, но исто така не можат да го негираат и фактот дека се и најголемата обврска и предизвик со кој се соочуваат. Па така, една мајка успеала да собере храброст и да им признае на сите дека нејзиниот живот драстично се променил откако го родила своето дете.

Таа решила својата приказна да ја сподели на родителскиот форум “Мамснет” каде и се пожалила дека и по две години од раѓањето на нејзиниот син, таа се уште мора да се убедува себе си дека го сака, наместо тоа да и дојде природно. Дури, и како што вели, размислува да го остави синот со неговиот татко и да замине.

Очајната мајка раскажала и како пред раѓањето на детето мислела дека ќе биде најдобрата мајка на светот, но две години подоцна таа тврди дека е далеку од тоа. Таа вели дека ниту ужива во мајчинството, ниту пак во животот.
Го чистела вецето во својот дом и 4 дена…
Адел прекина концерт затоа што момче во публиката се…

-Почнувам да се прашувам дали воопшто го сакам, бидејќи мајка која го сака своето дете сигурно не се чувствува вака, пишува таа и објаснува дека работи 4 дена во неделата и дека нема време за себе речиси никогаш.

Таа и додава дека нејзиниот син се уште не спие редовно навечер – односно спие по само 3 или 4 часа и сето тоа и го отежнува животот.

-Немам ни 5 минути за себе бидејќи тој секогаш сака да е блиску до мене и добива напад на бес доколку јас сум фокусирана на нешто друго, вели таа и признава дека често излегува од дома плачејќи наместо да се обиде да го смири.

Најлошото од се е што таа чуствува дека нејзиниот син е таков само кога е во нејзино присуство и поради тоа почнала да размислува дека можеби е подобро да го напушти семејството и привремено да го посетува синот.

-Мислам дека ќе е подобро тој да биде со мене на неколку часа во текот на неделата, отколку да мора вака да живее, заклучила таа.

Поддршка и разбирање пристигнале веднаш од другите мајки, кои и предлагаат на очајната жена да побара стручна помош и да се обиде да се договори со таткото на детето да тој ги превземе домашните обрвски и да поминува повеќе време со детето.

-За почеток ако можете земете неколку слободни денови бидејќи очигледно сте изложени на голем стрес. Одморот ќе ви помогне и да прераспределите некои работни обврски со партнерот, се вели во коментарите.Vecer.mk