Пренеуваме ФБ Статус!

Лекувањето во клиниката на 14 годишниот Вили Илјов од Штип ќе биде целосно покриено.

Со оглед на состојбата на семејството и апелите за помош на социјалните медиуми, Клиниката Жан Митрев одлучи целосно да го покрие лекувањето и престојот во нашата установа и да помогне на малиот Вили.

14 годишниот штипјанец е донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа.