Маж, кој речиси никогаш, или многу тешко плаќа нешто на жените им делува одбивно.

Ниту една жена која се држи до себсе и која е способна да се грижи за себе, нема да бара ништо од мажот, па дури ни да очекува, да на неа троши невидени суми на пари. Таа ќе биде премногу горда за такво нешто, и горда на тоа што самата е во состојба да заработи за она што го сака.

Меѓутоа, повремените поклони и честења се добри како гест, како знак на внимание (делењето трошоци кога живеете заедно се подразбира).

Мажот кој речиси никогаш, или многу тешко плаќа на некој друг, без разлика дали се работи за купување на поклон за партнерката или честење со друштвото, им делува на жените многу одбојно. Ниту е привлечен, ниту е џентлмен, ниту пак кавалер.

А доколку и бара на партнерката да ги покрива неговите сметки, може да се очекува дека таа воопшто нема да го смета за маж.

Оваа појава не е многу ретка, а за овој проблем психолозите велат дека е наивен, но многу тежок за искоренување. Човекот треба да зрачи со самодоверба и безгрижност: без разлика дали има пари или нема. Недостатокот на пари не е причина за тага. Тоа е само мотивација за акција.

Приказна од реалниот живот

Искуство од прво лице, психолог Алексеј Белаков:

Памта, беше лето, средина на 80тите, лабава музика, а ние во пицерија. Со мене и убава девојка и еден другар кој пробува да ја освои, исто како и јас – па кој победи, кој прв ќе го избере… Пиеме вино, и откако ја завршивме флашата, тој му вели на келнерот: “Уште една флаша!”

Знам дека немам доволно пари да го платам тоа. Знам дека очигледно доволно испивме да се опуштиме и уживаме, на вечерта и се ближи крајот па јас му велам: “Можеби не ни треба втора флаша?”. Девојката разбра се од мојот поглед, ја подигна раката и на келнерот му вели:”Не ни треба втора флаша, благодарам!”.

Никогаш нема да го заборавам нејзиниот поглед. Искрено, не памтам како се завршила таа вечер, само се сеќавам на нејзиниот сожалувачки поглед. И мојата срамота. Не ја пресеков со зборовите: “Се шегував. Земете колку сакате!”. Не, само посрамотено си го пуштив погледот на масата. Да, ми беше жал да ги потрошам парите.

Болно ја истакнував мојата скржавост. Со борев со неа како со лоша болест. Многу години. Секако, се може лесно да се објасни: лошо детство, еден пар чевли три години, за ручек супа од кесичка.

Поголемиот дел од мојата генерација знае за што зборувам, само лечењето не им било потребно на сите. Не сите го имаа тоа “несреќно детство”.

Познавам многу мажи кои не спијат на пари, но последниот денар ќе му го дадат на оној кој му е потребен. А знам и оние кои живеат како “бубрег во лој”, но најмногу од се сакаат да се ценкаат. И не, ова не е внимателност, туку чиста скржавост.

Машката скржавост е полоша од болест, таа е порок

Постојат две работи на кои мажот не треба да штеди: Жени и пијалоци. И децата, но тие се продолжение на ова со жената. Скржав човек е најчесто глуп човек. Доколку малку подобро ги здогледате работите, ќе сфатите дека тука нема голема разлика.

Еден мој другар имаше девојка со која сакаше да оди на море. Неколку дена пред заминувањето таа одлучила да купи фустан и да наврати до еден бутик. Долго испробувала разни варијанти и сфатила дека се прескапи за неа. Тој не се понудил да ги плати. Девојката се извинила и излегла од продавницата. Сфатила со каков човек си има работа.

Поради тоа измислила причина и не заминала на море со него. Набрзо раскинале, за по две години таа да се омажи.

Мене мојата прва сопруга ме излечи од скржавост и сега сум и искрено благодарен. Кога се разведовме, а нејзе наскоро и беше роденден, и купив огромен букет со ружи за да и честитам. Таа не знаеше дека ружите се купени со последни пари.

Мој совет до жените: доколку гледате дека вашиот маж е скржав, бегајте од него. Лечењето може да трае со години, а само мал број навистина можат да се излечат.