По големиот пораз на локалните избори, Зоран Заев поднесе оставка.

Тој вечерва истакна дека поднесува оставка од премиер и претседателското место во СДСМ.

-Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори.

ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА ОД ПРЕМИЕР И ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, истакна Заев.

„Горд сум што ја внесовме заедно земјата во НАТО. Лани добивме препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Попис спроведовме. За нас прогресивните кои им се радувавме на овие успеси, за жал дојде политичка казна.

Разочараност за мнозинството кое ги избра истите кои пред само четири години тргнаа да убиваат луѓе во парламентот.

Се здружија жртви и насилници. Јас сум донел слобода и демократија, а демократијата подразбира поднесување одговорност“, кажа Заев.