Ако немате вишок килограми и не ви се потребни совети за слабеење, можеби „биете битка“ со лице кое изгледа надуено. На лицето може да се задржува вода, но и масно ткиво, а ова се најефикасни начини да се справите со овие проблеми. Еве што препорачуваат стручњаците:

Правете вежби за лице Ќе го подобрите мускулниот тонус, а цртите на лицето ќе делуваат како „изрезбани“. Вовлекувајте и испуштајте воздух во образите како да свирите труба, смешкајте се и стискајте ги мускулите на вилицата. „Пучете“ ги усните на десно, па на лево. Сето ова ги затега мускулите на образите и брадата.

Кардио тренинг Кардио вежбите ја забрзуваат работата на лицето и доведуваат до губење на вишоците по целото тело, па и лицето. Пијте повеќе течности Важно е задравјето, но и изгледот. Одбегнувајте алкохол

Штетните дејства на алкохолот се предмет на бројни студии, а алкохолот е и висококалорична, но не особено хранлива намирница. Го зголемува ризикот од дебелина и надуеност. Одбегнувајте преработени јаглехидрати

Виновни се за масните наслаги, не содржат влакна и предизвикуваат скок на нивото на шеќер во крвта. Ако не сакате да се здебелите, ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ!

Спијте повеќе Подобриот квалитет и должината на сонот се во врска со изгледот, но и со севкупното здравје. Недостатокот на сон ќе го забави метаболизмот. Намалете го внесот на соли

Повеќе соли, значи и повеќе вода која се задржува во организмот. Ако го намалите внесот на соли, брзо ќе забележите разлика.

Консумирајте повеќе влакна Одлични се за системот за варење, затоа што бавно поминуваат низ него и заради тоа подолго ќе се чувствуваме сити. Повеќе растворливи влакна во исхраната, доведуваат до губење на вишокот, па дури и ако не се намали внесот на калории. Влакната ги има во овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови, мешунките.