Многумина разводот го сметаат за загуба. Гледате околу себе со ужас и мислите дека поминавте години од животот играјќи ја улогата на сопружник, а сега ви останува- Ништо.

Вие сами не разбирате кои сте, каде одите, што сакате…И додека оваа загуба во почетокот може да изгледа погубно, разводот всушност може да биде дар кој го менува животот. Всушност, никогаш порано не сме размислувале за тие работи, но сега можеме да дознаеме кои сме. Сега во вашиот живот започнува ново поглавје и ова е прекрасна прилика да погледнете одвнатре и да го откриете својот вистински јаз.

Сега имате нешто што порано сте го немале: време за себе и сила која предходно е потрошена за одржување на бракот во живот, кој буквално се распрсна по шавови. Сакале или не, разводот сега ви овозможува да ја ‘пренасочите оваа претстава’. Сега пронајдовте нешто за кое не сте ни сонувале: независност, слобода, способност за предизвици и раст.

Тоа не значи дека во бракот сите работи се невозможни. Но, за сето тоа треба време и одлучност. Сега буквално сте турнати од својата зона на комфорот, мора да одите напред и да ги освоите врвовите. Дури и ако сеуште ве боли или обратно- лути сте и огорчени, сетете се дека дарот навистина го добивте.

Ако се’ направите правилно, животот ќе се промени до непрепознавање. Крај на бракот не е крај на светот. Ова е всушност втора шанса за кои многумина копнеат, но можеби никогаш нема да ја добијат. Прифатете го овој благослов со благодарност, нов живот ве очекува!

Размислете за тоа кога мислите ќе ви потонат дека ‘не сте доволно добри’. Ова не е вистина.
Сосем спротивно: победници сте, бидејќи добивте она што многумина можат само да сонуваат. Значи, оставени сами со себе, конечно можете да одговорите на тешки прашања: Како го гледам својот нов живот?
Што точно ме спречува да живеам како што посакувам? Што треба да променам во себе и во животот, за да не се повторат досегашните грешки во врската?

Работата е во тоа што кога ќе го погледнеме животот од друг агол, можеме подобро да се разбереме себеси. Имено: она што навистина посакуваме, што не’ плаши е прашањето, кои луѓе и обрасци треба да се избегнуваат за повторно да не упаднеме во замката на нездрави односи.

Да, она од што најмногу се плашевме- развод веќе ни се случи. Но, никој не умре! Преживеавме. Тоа значи дека станавме појаки и можеме се’ да направиме.