Нена Лекич е козметичар, масер и советник за исхрана и регулирање на тежината. За читателите на НМД сподели рецепт и искуство, со надеж дека некому ќе му помогне.

Таа вели дека босилекот е нејзината омилена билка без која не се може во нејзиниот дом.

“Ова е мое искуство и ќе ми биде задоволство ако некому му помогне.

После вешташкото оплодување (ги имав четири и плус една инсеминација), босилекот ми помогна да ги држам под контрола промените во расположението.

Потоа, ми помогна и да се ослободам од насобраната вода во телото.
Низ менопаузата поминав без никаков проблем, без нервози и врели бранови.

Чајот е најдобро да се пие навечер.

РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1-2 листа босилек
200 мл вода

ПОСТАПКА:

Свежите листови босилек се преливаат со 200 мл врела вода, се поклопува и се остава да излади до собна температура.

Потоа внимателно се подигнува капакот и капките вода од водената пареа да се истресат во чајот.

Во текот на денот покрај себе секогаш имајте шише со вода во кое сте ставиле 2-3 свежи листови босилек.

Нема да почувствувате умор, кожата ќе ви блесне, а високиот притисок ќе се стабилизира.

Ако почувствувате дека некоја храна ви предизвикува гасови и ви го подува стомакот, дека ве мачи ждригавица и киселини во желудникот, изедете ливче или две свеж босилек (добро соџвакајте ги) и испијте шолја млака вода – проблемот ќе биде решен.

Извор/Nmd.mk

Пишува: Нена Л. (козметичар и масер)