За среќа, сето тоа заврши без сериозни последици

За време на таканаречената Света седмица, „El Via Crucis“ е една од активностите што многу католички верници ја спроведуваат со цел повторно да ги преживеат и евоцираат моментите на страдање што ги претрпел Исус Христос пред да умре распнат.

При изведувањето на оваа верска претстава важна ставка е добрата логистика и придружните детали на кои никој не обрнува внимание на почетокот.

Такво нешто се случило во Коатепек во Гватемала, кога парохијаните го врзале човекот за крстот со јажиња, а само неколку моменти подоцна, поради кревање, била изгубена рамнотежата, па човекот на крстот отишол на погрешната страна во близина на жици за далновод.

Кога насобраните виделе што се случува, за чудо успеале да го спасат од струен удар, но кога го спуштиле во првобитната положба, тој бил видно преплашен, па дефинитивно му била потребна помош.

Видеото во меѓувреме се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции.

„Ова е чист фанатизам, ова не го разбирам“, „Не можам да престанам да се смеам, си обезбедив место во пеколот“, „Боже, прости им што не знаат што прават“, се само некои од различните коментари на Интернет.

Кој е вашиот коментар?