Во времето кое живееме сметките за струја од месец до месец се се поголеми, па затоа добро е да ја искористиме секоја минута од евтината тарифа, особено за струјата. Доколку не сте сигурно дали вашето домакинство користи евтина стуја од 14 до 16 часот попладне, постои едноставен начин.

Се што треба да направите е да погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Доколку во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2, тоа значи дека имате евтина струја.

Во ЕУ цената на струјата за три пати повисока од цената во Македонија

Граѓаните на земјите членки на ЕУ плаќаат повисока цена во последнава година, во споредба со претходниот период. Од 2018 до средина на 2019 година просечно цената на струјата се зголемила за 1,3 %, покажуваат податоците од Еуростат. Според податоците од Еуростат скоро 41 отсто од цената на струјата отпаѓа на даноци. Покрај цената на струјата раст од 1,7 отсто е забележан и кај цената на гасот.

Цената за еден киловат час во ЕУ изнесува 21,4 центи. Македонија има значително пониска цена на струјата од онаа на земјите во ЕУ, иако над 40 отсто од потребите се увезуваат. Цената за еден киловат час во Македонија изнесува 7,83 центи или околу три пати пониска од цената на еден киловат во земјите од ЕУ.

Од 1 септември цената на струјата во соседна Србија ќе се зголеми за скоро 8%, пренесува српски Blic. Зголемувањето на цента на струјата во Србија следи по анализата што ја направи Електростопанството на Србија, по барање на Меѓународниот монетарен фонд, а анализата покажала дека цената за производство на струја е повисока од продажната цена.