Британците од ден на ден се соочуваат со се поголема економска криза, штрајковите не престануваат…

Кражбите во продавниците се зголемени за 18 отсто во однос на претходната година, а нивната инфлација во декември достигна рекордни 14,7 отсто, пишува Mirror.

Храната масовно се краде и од супермаркетите, а она што до неодамна беше незамисливо стана секојдневие во лондонските продавници: поради огромните загуби во паричните приходи, трговците на мало почнаа масовно да ставаат катанци и аларми на бројни прехранбени производи, дури и млеко, сирење и јајца.

Ваква заштита досега имаше само на луксузни технички производи и облека, но дека основните животни потреби ќе бидат заклучени, е тоа е веќе нешто ново, коментира Mirror.

Во последно време најмногу се краде шницлата. Како што пишува Мирор, во продавницата на Теско во центарот на Лондон почнале да ги заклучуваат и фрижидерите. Им ставиле катанци за да ги спречат муштериите сами да го земат месото и да ги спречат потенцијалните крадци да го украдат и подоцна да го препродаваат евтино.

На фрижидерот ставиле табла на која се повикуваат клиентите да контактираат со продавачите доколку им треба парче месо, а слична практика воведоа и други продавници низ Велика Британија.

Така, продажниот персонал во продавницата на Алди во источен Лондон му објасни на новинарот Хари Валоп зошто стековите се „достапни само на барање“.

„Ако ги изложиме без заштита, веднаш се украдени“.

Експертите велат дека проблемот е сериозен и дека крадците на стекови може да ги чинат продавниците и до 15 отсто од нивниот профит.

„Можат да ги продаваат од врата до врата или, ако земат доволно, да ги продадат во пабови“, вели тој./Faktor