Само неколку часа по раѓањето на Фреди Фигерс мајка му го фрлила во ѓубре. Му била кажано дека била зави.сник и дека не можела да се грижи за него, но откако е пронајден веднаш бил згрижен кај хранител.

Денес тие се негови родители и на хартија, а патот од “бебе од контејнер” до успешен млад бизнисмен одлучил да го сподели со целиот свет.

“Моите хранители во текот на својот живот прифатиле повеќе од стотина деца, но јас бев едно од двете кои ги посвоиле. Се ближеа до 70тите, па делот од плановите за иднината баш и не биле посвојување на новородено бебе, но бидејќи виделе низ што се поминал, не сакале да мине низ системот. Живееле во градче на Флорида каде што сите се знаат, па децата во училиште ја слушнале мојата приказна дури и пред мене”, раскажал Фреди за Гардијан.

Врсниците го задевале нарекувајќи го “бебе од контејнер”.

“Тогаш морав да разговарам со татко ми. Кога имав 10 години ми рече во какви околности сум роден. Мислев: “Некој навистина ме фрли? Дали сум ѓубре или личност?”. Сето тоа долго ми сметаше, но го надминав. Имав мајка и татко кои ме сакаа”, вели Фреди.

Староста на неговите родители значело и поинакво детство.

“Мојот татко не можеше да игра фудбал со мене, па се заинтересирав за технологија. итав енциколопедии од корица до корица. Бевме сиромашни, одевме во луксузни продавници во потрага за работи кои биле прлени. Кога имав осум години, татко ми ми купи половен Мекинтош на пазар. не работеше, но успеав да го поправам, после 50 обиди”, додава Фигерс.

Во детството, компјутерите биле спас од неговите врсници. Тоа го довело до компјутерска лабораторија во училиштето и го поттикнало да започне сопствена работа, поправајќи компјутери.

Прва заработка на 14 години

“На 12 години ја добив првата работа. Работев после училиште во градската куќа како компјутерски техничар. Помагав во развојот на протоколот за Интернет услуги, ја туркав својата страст до крајни граници. Научив се што можев и до мојата 14 година започнав да програмирам, два дена седев пред компјутер и не бев ниту гладен. Ми се допадна”, вели Фигерс.

Отприлика во тоа време, заминал на патување со црква за да, како волонтер, помага во опоравувањето на оближниот град откако бил погоден од торнадо.

“Помагав во автосалон. нивната документација одлетала во воздух, па им измислив база на податоци. Кога се вратив дома, започнав тоа да го работам и за други фирми. Добро заработував на 14 години, но секогаш штедев знаејќи дека сакам да имам своја компанија за телекомуникации”, раскажал Фреди.

Кога имал 17 години, на неговиот татко му е дијагностицирана деменција. Во сред ноќ би излегол од дома и би шетал неколку километри. Би заборавил да облече кошула и панталони, но секогаш имаше чевли на нозете.

“Земав една и вградив во ѓонот плочка која имаше звучник и сензор. Така можев да проверам каде е кога ќе замине од домот, а мојот глас би се слушнал од неговите плочки во чевлите. Им го објаснив тоа на една фирма со која соработував што направив и тие беа воодушевени. Го купија уредот од мене за 2,2 милиони долари”, вели тој.

Отсекогаш сакал на својот татко да му купи рибарски брод за кој сонувал.

“Почина помалку од 48 часа откако ги добив тие пари. Наместо тоа, секој цент го вложив во работи кои би им помогнале на другите луѓе како што се мерач за дијабетичари кои споделува резултати преку блутут”, објаснува тој.

Фигерс денес има 31 година и е извршен директор на компанијата “Фигерс Комуникејшн” чија вредност е проценета на 62 милиони долари, како и фондација која им помага на децата во хранителски семејства.

“За Божиќ купуваме 25.000 велосипеди и ги поклонуваме. Сето тоа го должам на своите родители, бидејќи ми покажале сочувство и дека имам добри луѓе околу себе. Никогаш не сум го слушнал татко ми да вика. Почина во 2014. година, но уште додека бев дете, знаев дека тоа е тој пар чевли во кој сакам да чекорам”, заклучува ова младо момче.