Џо Бајден за време на онлајн самитот за климатските промени носел маска „за да испрати порака до светот“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Самитот беше одржан минатиот четврток, а на снимките може да се види како американскиот претседател е единствениот светски лидер кој носи маска на лицето.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, германската канцеларка Ангела Меркел, кинескиот претседател Си Џинпинг и другите лидери воопшто не носеа заштитни маски затоа што станува збор за онлајн конференција, но Бајден одлучи сепак да носи маска за „да испрати порака“.

„Бајден носеше маска за на светот да му испрати порака дека ги почитува мерките и дека ќе продолжи да го прави тоа како прв човек на Соединетите Американски Држави“, изјави Псаки

Извор ТОЧКА