Една жена откри на ТикТок дека била бесна на свекрвата откако им испратила Божиќна честитка со детален список на сè што потрошила за нив во 2020 година.

Таа исто така додаде дека ова не и е прв пат.

Жената објави видео од нејзината Божиќна честитка на ТикТок со претходно напишана порака за празникот. Сепак, во честитката свекрвата го додала и сопствениот список со сè што потрошила на нив оваа година.

„Значи, ова е мојата свекрва. Сакам да го споделам ова видео со вас само за да ве потсетам дека нема потреба секогаш да добивате или да подарите Божиќен подарок“ – рече таа.

„Наместо само да каже дека не може да купи подарок или дека дала повеќе од доволно оваа година, таа ќе испрати честитка. А, во неа ќе ги напише сите сметки што ги плати за нас и ќе додаде „Среќен Божиќ“ – додаде оваа жена.

Таа откри дека нејзината свекрва им помагала финансиски, откако останале без работа – и дека не можела да одолее да ги потсети на тоа.

„Таа можеше да испрати само честитка без да нè потсетува“, додаде таа.

Нејзиното видео има повеќе од илјада споделувања, а многумина ја осудија нејзината свекрва за потсетување на нејзината помош, пишува The Sun.

Извор: Женски Магазин