Бекс и нејзиниот сопруг не можеле да бидет по среќни кога дознале дека таа е бремена. За време на бременоста се изгледало како да е во ред, па како и сите родители почнале да се подготвуваат за доаѓањето на бебето, но се случило нешто неочекувано.

На рутински преглед, кога Бекс била пет месеци бремена, докторот им кажал дека бебето има проблем со срцето и дека мора веднаш да се роди, по  што е направено царски рез и бебето било родено мртво.

Мајката била уништена, но после осум минути, откако докторите реагирале и направиле се што можеле, тие успеала да го реанимираат бебето.

Докторите не можеле да си поверуваат на своите очи, дека бебето преживеало.

Родителите биле пресреќни а малото девојче го добило името Вилоу.

-Таа со недели не плачеше, зошто имаше премногу цевчиша во грлото, а не ни знаеше како да плаче, беше многу малечка- рекла нејзината мајка.

После една година Вилоу е добра и здрава. Докторите им кажале дека ќе има пречки во развојот, но засега таа е добра и напредува нормално.

-Неверојатно е колку медицината напредува, и благодарение на тоа, нашата ќерка е жива и здрава и може сите да бидеме среќни- рекол таткото