Математичарот ги пресметал овогодинешните немири уште во 2012 година, а предвидува уште пострашни работи.

Во 2012 година на Универзитетот Конектикат, Питер Турчин, биолог и математичар, одржал предавање со кое ги шокирал сите: САД во 2020 година ќе биде во хаос!

Турчин прилично погодин, бидејќи ова, дефинитивно, не беше добра година за САД кои ги погодија здружените сили на епидемијата, расните конфликти и елементарните непогоди.

Турчин не само што го изговорил ова, туку и објавил текст во “Journal of Peace Research” во кој ги анализирал ситуациите во кои се јавувале насилство, побуна, тероризам и останати несреќи во САД од 1780. година. Математичарот користел шема на долг период на мир после кој следи насилство.

Тој пресметал дека насилство треба да се очекува во 2020. година.

Заклучил дека почетокот на 19. век бил најмирниот период, како и средината на 20. век. Осцилациите се повторуваат на секои 50 години, односно 1870, 1920 и 1970 година. Заклучил дека насилство повторно треба да се очекува во 2020 година.

Насилството се повторува на 50 години, а тоа е токму сега.

Турчин имал терорија дека насилството се појавува на половина век и дека се случуваат циклуси во сите земји. Социјалната нерамноправност го зголемува незадоволството и насилството го доживува врвот. Населението потоа се смируваат на 20 или 30 години, колку што трае генерацијата на младиот пораст, а проблемите кои се “пикаат под тепих” повторно излегуваат на површина после одреден период.

Турчин исто така најавил тешка и бурна декада.

“Трендот на се понизок животен стандард и порастот на елитата сигурно ќе доведат до конфликт и насилство. Ситуацијата нема да се смири бидејќи елитата меѓусебно се бори за богатство и ресурси помеѓу веќе добро поврзани политичари. Искрата ќе биде ситница”, напишал Турчин во мејлот до магазинот “Live Science”.

Деценијата која следи во историјата ќе биде впишана како турбулентна и преломна

Социологот Џек Голдстоун од Универзитетот Мејсон во Вирџинија е уверен дека дваесетите години на 21. век во историјата ќе биде впишани како турбулентни и одлучувачки.

-Пандемијата и полициската бруталност беа искра со која се ослободи насилството кое се собираше со години, а предупреди и дека ова ќе биде исклучително опасна години доколку притисокот од незадоволството не попушти, додека наредните години се до 2030. година ќе биде уште полоши – вели Голдстоун.

Овој научник се сложува со Турчин дека циклусите на насилство се факт за тоа дали општеството може да се избори со проблемите.
-Во последните 40 години САД е земја на ужасна социјална нерамноправност, морничави политички поларизации, огромни долгови и владина дисфункција, а сето тао може да го променат само длабоки реформи – објаснува Голдстоун.

“Изборите ќе донесат реформи или уште поотворен конфликт на американските улици”

Изборите во ноември ќе бидат голем тест, бидејќи состојбата во САД можат да ја спасат само темелни реформи, додава тој.

Во секој случај, ноември 2020.година ќе биде одлучувачки за иднината на САД и институциите кои моментално владеат со оваа земја.