Неодамнешното истражување покажа дека прескокнувањето одење во теретана за да одите на пијачка не е толку лошо. Доколку повеќе уживате во чаша црвено вино отколку вежбање во теретана, оваа вест дефинитивно ќе ви го подобри денот.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Алберта во Канада покажа дека здравствените придобивки од ресвератролот, соединение кое се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги имаме од вежбањето.

Според водечкиот истражувач Џејсон Дајк, ова откритие ќе воодушеви многумина кои не вежбаат често. Ресвератрол од црвено вино ја подобрува физичката способност, работата на срцето и мускулната сила на ист начин како и вежбите во теретана.

„Верувам дека ресвератрол би бил доста корисен за луѓето кои сакаат да вежбаат, но се физички слаби“, рече Дајк.

Здравствените придобивки од црвеното вино се доста добро документирани. Истражувањата покажаа дека оние кои пијат чаша вино дневно се со помала веројатност да заболат од деменција или рак, а докажано е дека црвеното вино е добро за регулирање на срцето и шеќерот во крвта, но и против стареење.

Неодамнешните студии покажуваат дека црвеното вино го зголемува пулсот, што е многу добро. Се разбира, се подразбира дека овие ефекти се валидни само во умерени количини и треба да се напомене дека студијата е спроведена на глувци, а не на луѓе.

Има добра вест за оние кои не пијат, а тоа е дека ресвератрол нема само во црвеното вино. Можете да го внесете преку боровинки, путер од кикирики, црно грозје и темно чоколадо. Запомнете, нема ништо подобро од урамнотежена исхрана.

Извор: Webtribune.rs