Снимката била направена на почетокот на овој месец, а вработени во болницата ја проследиле до РТЛ.

Скандалозно видео од забава во ковид-болницата Дубрава, болница во Хрватска, објави телевизијата РТЛ.

Снимката е направена на почетокот на овој месец, а вработени од болницата ја испратиле до телевизијата.

На видеото се гледа дека медицинските сестри и друг персонал пеат и играат на жива музика, без придржување кон епидемиолошките мерки, без дистанца, без маски, а инструментите на музичарите се украсени со банкноти.

Вршителот на должноста директор на КБ Дубрава Ивица Лукшиќ изјавил дека не бил запознаен со случајот.

– Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето работат напорно во болницата и дека морам да ги видам сите околности што довеле до тоа – изјави Лукшиќ.

Засега е непознато колку вработени дежурале за да се грижат за пациентите во време на оваа забава, а колку останале по завршувањето на нивната работа.