Има ли нешто подобро од тоа да уживате со најблиските во вкусни мезиња и омилениот пијалак?

Ако не сте од оние кои сакаат тешки јадења, а сепак уживаат во вкусна храна, овие плескавички се идеални за вас. Направени од пилешко месо, во комбинација со тиквички – се прават брзо и лесно, а секогаш ќе сакате уште.
Потребни состојки:

3 јајца, 1 голема тиквица, рендана, 500g чисто пилешко месо, ситно сечкано на ленти, 1 лажица лук во прав, Малку сечкан магдонос и друго зеленило по желба, 100g брашно, Сол и бибер

Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во еден сад. Со лажица ставајте од смесата во тавче премачкано со масло. Печете од двете страни.
Видео постапка: