Пратеникот oд СДСМ, Мартин Костовски кој живее во Куманово, а до своето работно место во Собранието во Скопје патува со автомобил упати несекојдневен повик до своите сограѓани.

Оние кои патуваат во Скопје, а особено (пациенти, студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него. Неговата идеја е бидејќи граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) да бидат и корисници на овој превоз.

Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест, а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин. Костовски вели дека ова е мал гест, но од срце.