Колку пати сте размислувале за тоа дека во моментов немате време за на лекар? Или можеби се плашите да одите од страв од можни лоши вести?

На овие наши простори се обраќа најмалку внимание на превенцијата, а приказната на Соња ќе ви покаже, колку превенцијата е всушност важна!

Соња Петровска (25) од Радовиш вели дека ако го одложела одењето на гинеколог, поради разни причини и немање време, денес навистина “НЕ БИ ИМАЛА ВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА НИШТО!”, бидејќи тестот за Папаниколау (ПАП тест) одлучил за нејзината судбина.

На контроли одев редовно, а последниот ПАПА тест го направив три месеци пред да забременам. Потоа, десет месеци после породувањето, отидов на следниот преглед, кој го одложував поради некои “поважни” работи, а знам дека требаше порано да го направам. Сепак, ова не беше многу долг период.

Се на сè, тестот го направив кон крајот на февруари, а резултатот го добив во март. Резултатот покажа дека сум трета Б група!

По добивањето на резултатот, нејзиниот матичен гинеколог, ја препратил на понатамошни анализи. Лекарите се одлучиле за биопсија, а резултатот кој го добила бил “SIL-high grade”, резултат кој бара оперативен зафат.

Примерок од болното ткиво, било испратено и на хистолошка анализа, која покажала дека голем број епителни ќелии имаат некои промени, поточно тие промени се CIN3 и CIN2 (CIN3 уште се нарекува и нулти стадиум на канцер, или пред канцерозна состојба) и во месец април била пратена на операција.

– Бев во КОШМАР, а еве како се спасив од него:

Операцијата била направена со општа анестезија, а во наредните седум дена останала во болница, поради можни пост оперативни компликации, кои можат да се случат после еден ваков оперативен зафат.

– Да се прифати фактот дека со вашето тело нешто не е во ред е навистина страшно. Но мора да се биде објективен и за што пократко време да се дојде до вистинскиот резултат, по што би се продолжило со терапија.

Болестите не се случуваат во моменти од животот кога нам ни одговара, бидејќи реално, никој никогаш нема да рече: “Е сега имам неколку месеци слободни, да се зафркавам со лекари, ќе отсуствувам од сите обврски и ќе се занимавам со болести”. Затоа, ние не смееме да бираме кога ни е згодно да одиме на лекар, туку мораме да направиме план за прегледи на поедини органи и до тој план да се држиме.

Не смееме да се плашиме од резултатите. Резултатот каков и да е, колку и да е лош, за неколку месеци може да биде само УШТЕ ПОЛОШ!

– Затоа, подобро уште денес да слушнеме што не е во ред, со каков проблем се соочуваме и како може да се реши, отколку по неколку месеци, од страна на докторот да ни биде соопштено: “Жал ми е што болеста не ја откривме порано, сега немам решение” – вели Соња

Сега, освен што и е отстранет еден поголем дел од матката, таа е среќна, здрава и има многу време за сè што е важно во животот. Затоа, обавезно и веднаш закажете ги сите прегледи кои ги одложувате со месеци!
Nmd.mk