Еве како на едноставен и ефикасен начин, сами дома да го проверите вашето здравје.

Ова се едноставните тестови:

1. Недостаток на селен во организмот

Недостатокот на селен се утврдува со помош на водород-пероксид (хидроген). Тестот се врши со вашите прсти. Кожата треба да биде сува и чиста – добро измиете ги вашите раце пред дијагнозата и по 10 минути спроведете го тестот. Нанесете 3% раствор хидроген на јаболчниците. Доколку имате доволно количина од овој микроелемент во вашиот организам нема да се случи ништо, но во спротивно ќе се појават бели точки на вашата кожа.

2. Недостаток на јод во организмот

За дијагностика земете 5% раствор од јод. Земете стапче за уши, потопете го во растворот. Потоа треба да нацртате квадрат со големина 3х3 сантиметри – по ваш избор, во внатрешниот дел од зглобот, на стомакот, внатрешната површина на колкот, внатрешниот дел на подлактицата. Оставете јодот да се исуши. Доколку нацртаниот квадрат исчезне за помалку од еден ден тоа укажува на недостаток на јод во организмот.

3. Тест за желудочна киселина

Неколку минути пред јадење, испиете 50-100 милилитри цеден сок од цвекло. Цвеклото содржи супстанција наречена бетацијанин, а кога Ph вредноста во желудникот е нормална таквите супстанции се распаѓаат. Кога киселината во желудникот е надвор од границите на нормала, бетацијанинот не се уништува, во тој случај вашата урина ќе биде црвенкаста.

4. Дехидратација на телото

Критичниот недостаток на течности во телото или дехидратација лесно може да се идентификува преку штипење на кожата на подлактицата – доколку телото е хидрирано, кожата вешнаш се враќа во првобитна положба, доколку сте дехидрирани ќе останат набори на вашата кожа.