Епа драги сограѓани, после самостојноста, имавме шанса заедно да изградиме НАША, заедничка држава. Но наместо тоа, ние тргнавме да се тепаме меѓу себе, и место да градиме нешто што е наше, ние се тепавме за да докажеме дека нешто е МОЕ или ТВОЕ.

Додека ние се тепавме меѓу себе, другите градеа држави, па сега дојде време кога Бугарија ни продава лекции за демократија, ни поставува услови и не спречува да бидеме дел од едно семејство каде што ние сигурнo припаѓаме многу повеќе од нив.

А уште повеќе се нервирам, кога ми кажуваат постарите дека со една чрвена поминувале цели одмори кај нашиот источен сосед. А дури и јас ги памтам сликите на времето, кога пред влезот на Бит-пазар на земја со канти продаваа Бугарки, тоа место дури ден денес се вика „Кај Бугарките (Te bugarkat)„.

Замислете ние да не се бавевме со меѓуетнички односи, а да се бавевме исклучиво со унапредување на демократијата. Денеска ние сигурно ќе бевме дел од ЕУ, сигурни и заштитени од сите соседи, затоа што сите ќе ја бараа нашата поддршка за членство.

Еееејјј едно време не споредувале со Словенија… Но добро, моравме да си докажеме меѓу себе кој е појак, кој е сопственик на ова парче земја нели?

Епа драги сограѓани, денеска ние не ги плаќаме нашите историски грешки… Ја плаќаме скапо нашата тврдоглавост, нашата малодушност, нашиот идиотизам.

И што е најлошо, како ништо да не научивме од сето ова што ни се случува со години.