Нутрициниост открива.

Секој град свинска маст вреди девет калории – исто колку и грам од било кој вид растително масло.

Затоа, како што наведува нутриционистот др Љубомир Пфафа, не е точно дека маста дебелее, но е вистина дека таа е биолошки далеку поквалитетен избор.

Во домаќинството за пржење може да се користи било кој вид животински масти, но свинската е најраспостранета. Освен што подобро ги апсорбира витамините Д, А и К, можете и да ја користите неколку пати без никакви грижи дека лошо ќе влијае по вашето здравје.

-Доколку луѓето некогаш јаделе маст и леб и се занимавале со физички далеку потешки работа, тогаш е јасно дека маста е корисна и пожелна во исхраната, а сите негативни критики се исклучиво заблуда – вели др Пфаф.

Според неговиот совет, а на основа на повеќедецениско искуство, маслото треба да се користи само како зачин, а маста за подготовка на храна.

Подобра од путер

Доколку гледате на масните киселини кои ги содржи, свинската маст е подобра од путерот. Свинската маст содржи 60% мононезаситени масти, а тие масти се поврзани со нискиот ризик од срцевви болести. Од друга страна, маслото содржи 45% мононезаситени масти.

Поголемиот дел од мононезаситените масти во свинската маст ги прави олеинската киселина, многу здрава масна киселина која ја помага работата на срцето и која е поврзана со малото ниво на лош холестерол. Во свинската маст има двојно повеќе олеинска киселина отколку во маслото – вели Ник Белисимо, асистент на Универзитетот Риерсон.

Идеална за пржење

Животинската маст е идеална за пржење. Освен тоа, месото нема толку да ја впие маснотијата, ќе биде брзо готово и полесно е за варење.

Добро е и тоа што свинската маст нема мирис и вкус, доколку е во добра состојба и доколку правилно се подготви.

Помали недостатоци во споредба со маслиновото масло

Свинската маст има за половина помалку заситени масти отколку путер, но двојно повеќе заситени масти од маслиновото масло.

Заситените масти го покачуваат холестеролот и го намалуваат добриот холестерол, поврзани се со срцеви болести, висок притисок, дијабетис и вишок килограми.