Светската здравствена организација (СЗО) сè уште нема докази дека новиот вид на ковид-19 ќе доведе до зголемена смртност, изјави еден од директорите на организацијата, Силви Брајан, за француската телевизија БФМ.

– Вирусите се менуваат и она што се случи сега не е изненадување. Со цел да утврдиме дали мутацијата ќе има влијание врз здравјето на луѓето, ќе мора да направиме дополнително истражување во лабораторија. Во моментов не гледаме промена на стапката на смртност – рече Брајан.

Таа додаде дека се потребни истражувања и за тоа дали новиот вид ќе влијае на ефективноста на вакцините против ковид-19.

– Засега, се чини дека новиот тип на ковид 19 тешко ќе влијае на ефективноста на вакцините. Верувам дека мерките преземени во Велика Британија ќе влијаат на запирање на ширењето на нов вид вирус до масовната вакцинација на граѓаните – рече Брајан.