Денес, Тедрос Адана Гебрејсус, директорот на Светската здравствена организација на виртуелниот брифинг од Женева, предупреди дека постои ризик сиромашните и ранливите да бидат прегазени во стампедо над вакцината против коронавирус и додаде дека е итно да се обезбедат 4,3 милијарди долари за шемата за дистрибуција на вакцините во светот.

Десетици земји аплицираа за глобален план за вакцинирање познат како КОВАКС (COWACS), кој беше формиран од СЗО и групата за вакцини ГАВИ (GAVI) за да обезбеди вакцини за земјите кои инаку не можат да си ги дозволат.

Паралелно со зголемувањето на бројот на конкурентни вакцини од земјите каде е произведена вакцина и се наоѓа во фаза на клиничко тестирање, до сега се собрани 5 милијарди долари и активностите ќе продолжат до последен вакциниран човек на планетата.