Приватната клиничка болница, „Аџибадем Систина“, денеска ги демантираше тврдењата на синот на Амди Бајрам.

Од клиниката велат дека Габриел дошол да се тестира во тамошната лабораторија на 26-ти октомври и добил позитивен резултати на тестот направен преку ПЦР методата, пренесува „Слободен печат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Синот на Амди Бајрам ги објави резултатите од тестот за Ковид-19

„Со оглед на тоа што резултатот од молекуларниот тест бил позитивен, освен на лицето, известување за тоа е испратено и до Институтот за јавно здравје што е задолжителна обврска.

Во целост ги отфрламе и тврдењата дека нашата болница го информирала лицето дека има негативен резултат на ПЦР молекуларна детекција на вирусот SARS- Cov 2”, коментираат од болницата.