Оваа приказна фрла сенка на врежаното мислење за односот свекрва и снаа.

Сопругот ме остави кога најмалку се надевав. Ја зеде целата заштеда, последниот денар од дома и замина со љубовницата. Останав во нашиот изнајмен стан со шестмесечно бебе.

Кога тоа го дозна мојата свекрва, брзо се појави на вратите. Мислев дека ќе ми држи лекција, ќе ме исмева или ќе се шегува, но таа само кратко рече:

“Спакуј ги работите, спреми го детето и тргни по мене”. Се обидов да одбијам, беше тоа навистина непријатна ситуација. Мојата свекрва и јас не бевме во некои односи уште од кога се запознавме. Не станавме блиски, никогаш не сум слушнала убав збор за себе од неа, а рака на срце, ниту таа од мене. Сепак, на мое големо изненадување, сфаќајќи во каква ситуација се најдов, мојата свекрва беше единствената личност која остана со мене и која ми пружи рака.

Дури и мојата родена мајка рече дека за мене и детето кај неа нема место, бидејќи тука веќе живее мојата постара сестра со децата, која се разведе година дена порано.
Беше тоа момент кога за прв пат на својата свекрва и реков благодарам. “Ајде, не сме странци”, ми рече некако непријателски, и буквално ми го зема детето од рацете. “Дојди убавино. Мама има работа, мора да ве спакува. Сакаш ли ти да живееш со својата баба?”, му зборувала свекрвата на бебето. “Секако дека сакаш, баба ќе ти раскажува приказни, ќе ти плете алишта…”.

Слушав и гледав и не можев да верувам. Се спакував и тргнав со неа, на уште поголемо изненадување, свекрвата мене и на ќерка ми ни ја даде најголемата соба која ја имала во станот, а таа се префрли во помала. Виде дека сум изненадена, па ми намигна и рече:

“А што ти мислеше? Дека ќе ве ставам во оној мал ќумез? Што ќе ми е мене повеќе место? Тебе и на детето ви треба”, изјави и ни постави да јадеме.

“Ти доиш. Ти подготвив зеленук на пареа и барено месо. Мислам, ако сакаш, ќе ти направам нешто друго, но ова во мое време го јадеа доилките. Ти одлучи сама”, рекла свекрвата.

Секако дека го изедов тоа што го подготви. Се понудив да ја расчистам масата, и кога јаа однесов вишокот храна во фрижидер, видов дека тој е полн со детска храна, свежо овошје и зеленчук за кашички кои мојата ќерка наскоро би требало да започне да ги јаде.

Утредента доживеав уште поголемо изненадување кога ми се обрати:
“Знам дека овој стан не е нешто. Ако не ти се свиѓа, можеме да го продадеме и да купиме некој друг. Немој да се срамиш, мене можеш да ми кажеш се што мислиш”.

И така таа жена со студен изглед и непријателски настап започна да се открива пред мене и сфати дека таа е добра жена, која всушност не е баш пристапна додека не ја запознаеш подобро.

Тогаш се скршив и започнав да плачам. Нејзниното однесување длабоко ме помести. Никој никогаш не се грижел за мене како оваа жена сега, за која мислев дека е мојот најголем животен непријатен. Таа ме прегрна и рече:

“Добро е девојко, добро е. Мажите се суштества на кои не можеш да се потпреш. Дадов се од себе да го воспитам да не биде како татко му. И тој мене ме остави кога мојот син имаше 8 месеци. Знам што значи да бидеш сама со бебе и нема да дозволам тоа да ви се случи. Добро е, плачеше, сега собери се, треба да ти надојде млеко”.

Од ден во ден одлично се сложувавме и во оваа жена започнав да гледам како своја мајка. Сакам некогаш и така да ја наречам, но нешто не ми даваше. Сепак, еднаш зборот ми излета сам од себе.

Шетавме со мојата ќерка и налетавме на мојата пријателка.

“Ова е мојата мајка”, ја претставував свекрвата на другарка. И тогаш на нејзиното ладно, малку вкочаено лиец видов една сосем нова насмевка која се почувствува на момент.

Станавме толку блиски што зборувавме за се, а јас се навикнав да и во нејзиниот ладен израз на лицето прочитам што се случува. Само една тема не смеев да ја отворам, а која многу ме интересираше – што би му рекла на синот кога би се врател и што таа мисли за сето тоа. Молчеше за него, никогаш не го споменуваше. А потоа и тој одговор го добив после шест месеци живот со свекрвата.

Заѕвони на врата. Таа отвори. Го слушнала гласот на својот одбегнат маж. “Мамо, ова е Вера. Мојата идна сопруга. Можеме ли да останеме кај тебе неколку дена? Се наоѓаме во финансиска криза.” Мислев дека дојде крајот на мојот живот кај свекрвата, сепак тоа е нејзино дете, што и да направил. Тогаш го слушнав нејзиниот глас, поладен отколку што некогаш бил:

“Нема место. Овде живеат твоето дете и неговата мајка која ги ограби и остави да се снаоѓаат сами. А ти девојко, пази, можеби и ти ќе останеш во таа ситуација кога ќе најде некоја трета”, изговорила во еден здив и ја лупнала вратата толку многу да поскокнав од креветот.

Се врати на матењето на фил за тортата во кујната, како ништо да не се случило. Запознавајќи ја со време, знаев дека и е тешко. Во главата веќе милев да и олеснам и да пронајдам некој стан за себе и ќерка ми, за таа да може да се смири со синот.

И пријдов, ја прегрнав и и реков:

“Мамо, можам јас да…” “Можеш”, ме прекина веднаш, како да ми ги прочита мислите. “Ти можеш да го матиш шлагот, нема да стигнеме, роденденот е утре, оваа торта мора да биде убава за мојата внука”, изјавил таа и ми даде до знаење дека и јас треба да се однесувам како ова да не се случило.

Започнав да работам, животот тече убаво, а потоа на работа запознав еден маж. Толку се сродив со свекрвата, да воопшто не ми беше страв тоа да и го кажам. Ниту после некое време да и кажам дека ќе се венчаме.

Тогаш нејзиното однесување се промени. Поучена од искуството дека не треба да мислам најлошо и најниско за луѓето, веднаш сфатив за што станува збор – заклучила дека на нашиот заеднички живот му доаѓа крај.

“Ти идеш со нас, а овој стан ќе го издадеме”, и објаснив на кратко. Повторно ја видов таа ретка, необична насмевка на ладното лице кое толку многу го засакав.

Мојата ќерка денес има 7 години, баба и ја чува кога и да е потребно, и се радува на доаѓањето на своето второ внуче. Зборувајте што сакате, верувајте во предрасуди, но мојата свекрва е мојот анѓел чувар. Да не беше таа, не смеам ниту да помислам што би било со мене.