Актуелниот министер за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели апел од специјализантка по Инфектологија, до сите граѓани со цел да им се помогне на оние кои се во првите борбени редови, грижејќи се за нашето здравје.

-Помогнете ни и нам кои сме во првите борбени редови грижејќи се за нашите и ваши пријатели, родители, баби и дедовци – најблиските. Да бидеме совесни, да носиме маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Преку грижата за себе и сопственото здравје да им помогнеме на сите околу нас- вели Ангела Стаменковска, специјализантка по Инфектологија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Продолжуваме да го даваме својот максимум за грижа на сите пациенти, потенцира Ангела Стаменковска (29).