Ливију Филимон (31) младоженец од Романија на сопствената венчавка доживеал трагедија. Се се случило за време на традиционалното фрлање на младоженецот во воздух во кое учествувале неговите пријатели. Работата тргнала на лошо кога пријателите не сакајќи го испуштиле од раце и тој паднал на глава.

Страшниот момент е фатен со камера, а во видеото се гледа како сите весело танцуваат само неколку секунди пред несреќата.

Во еден момент невестата, која исто така танцува, се врти кон групата пратели кои го фрлаат Филимон и гледа како тој паѓа.

Како што пренесуваат локалните медиуми, младоженецот завршил со напукнат ’рбетен столб, а пријателите му ја влошиле состојбата затоа што нестручно го кренале и го седнале на столче пред да дојде медицинската екипа.

Филимон не ја исклучил можнста да ги тжи пријателите заради повредата.

– Контактирав адвокат, но се уште размислувам што ќе правам, рекол тој од болничкиот кревет.

Наводно после несреќата можел да ги мрда рацете, но не и нозете.