Шведска ги отфрли страшните предвидувања за масовното умирање од вирусот Ковид-19 и не ја стопираше својата економија и општество, а сега се покажа дека нивниот одговор на пандемијата бил исправен, додека на остатокот од светот му се случи масовна хистерија.

Зошто медиумите се толку фокусирани на шведската политика околу коронавирусот? По што таа се разликува?

Шведска се одлучи за политика која ја сметаа за одржлива, која ќе спаси најмногу животи. Тие не се обидуваа да се “покажат на некој” или “докажат колку се паметни”. Едноставно, тие против пандемијата тргнаа со традиционален медицински пристап со кој избегнаа целосно затворање. Тоа е се.

Но тоа е проблем зарем не? И токму поради тоа што одбиле да го прават она што другите го прават, Шведска е остро критикувана. Тие одбиле да ја усвојат политиката која ја подржува елитата, одбиле политика со која се плашат луѓето и се наведуваат на покорност.

Шведскиот модел е закана кон таквиот пристап, бидејќи им овозможи на луѓето да ја задржат својата лична слобода дури и во време на пандемијата. Елитите кои владеат тоа не го сакаат, едноставно, не им е во интерес.

Она што тие сакаат е луѓето кротко да ги прифатат правилата и условите кои водат до поробување. Тоа е вистинската цел, целосна општествена контрола, спасувањето животи нема никаква врска со тоа. Шведска се спротистави на тој пристап поради што мора да биде уништена. Тоа е многу едноставно.

Секако, мерките на изолација и социјалната дистанца немаат никаква врска со стапката на смртност, која е повисока од кај едни, но помала од кај други.

Шведска има 543 смртни случаеви на милион жители, што значи отприлика 1 смрт на секои 2.000 луѓе. Но, како и секоја друга држава, поголемиот дел од смртните случаеви во Шведска се луѓе постари од 70 години во лоша здравствена состојба. 90% од смртните случаеви во земјата се лица кои се постари од 70 години.

Шведска не беше толку успешна во заштитата на старите луѓе во старечките домови, па голем број постари и болни лица починаа. Шведска не успеа во тој поглед и го признаа тоа.

Но, покрај тоа, неуспехот во спроведување не значи дека политиката до која се држеа била лоша. Токму спротивното. Шведска се одлучи на одржлива политика која ќе ја одржи економијата жива, ќе ја чува нормалната атмосфера во општеството, и ги изложува своите млади, ризични луѓе на инфекција, со која населението ќе се приближи до крајната цел “имунитет на стадото”.