Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата 11 Октомври во центарот на градот, на потегот од крстосницата кај Црвен крст до Собранието. Поради градежните работи едната страна на улицата е целосно затворена за сообраќај, што предизвика метеж во сообраќајот и гужви низ центарот на градот.

Според проектот целосно ќе биде отстранет стариот и оштетен асфалт и ќе се постави нов, а ќе се реконструира и делот за пешаци долж улицата, со што ќе се изведе и велосипедска патека. Ќе биде засадени ново зеленило и урбана опрема. Меѓу коловозот и тротоарите ќе биде поставена ограда за да не се претрчуваат грааѓаните низ улицата.

„На овој потег ќе работиме најинтензивно. Во сабота овој потег кој што сега е раскопан ќе биде готов, во недела ќе направиме пауза заради Скопскиот маратон, а попладнето пак продолжуваме со работа. Ги замолувам граѓаните да имаат трпение. Станува збор за сериозно девастирана улица особено во делот кај автобуските станици. Паралелно ќе ги правиме и пешачките патеки со тоа што ќе изведеме дел за велосипедисти. До крајот на октомври комплетно ќе го завршиме и тој дел и улицата ќе добие нов лик“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Реконструкцијата на улицата 11 Октомври чини 27 милиони денари со вклучен ДДВ,