Кога купувате овошје и зеленчук, водете сметка за тоа дали е масно кога ќе го допрете. Ако е масно, знајте дека тоа е третирано со хемикалии.

Ова е порака од гастроентерологот проф. д-р Војислав Перишиќ кој во утринската програма на ТВ Прва зборувал за третирање на производите од пазар пред да ги изедеме.

-Пред да одлучиме да изедеме јаболка, треба да провериме дали нејзината кора е масна – вели проф. Перишиќ.

-Ако е, мораме да ја измиеме во раствор од сода бикарбона и вода или оцет и вода. Во тој раствор јаболката треба да стои барем 15 минути.

Тој дал и рецепт за подготовка на растворот.

-Ставете 10 грама сода бикарбона, односно една супена лажица во еден литар вода.

После најмалку 15 минути јаболката треба да се извади од тој раствор, добро да се измие и задолжително да се излупи.

-Под кората се концентрираат токсините – објаснува докторот и додава дека кората јаболка е корисна, само за чистење на забите од друга храна која претходно сме ја изеле.

Кога станува збор за грозје, професорот предупредува дека треба да се мие под млад вода дури 30 минути. После таквото третирање со вода, важно е секое зрно добро да се исуши, па потоа да се јаде.

-Комулативно гледано, опасно е да се јаде грозје кое не е подготвено на овој начин, предупредува докторот.