Никол Мичел, бисексуална поранешна пасторка се одлучила да го замени црковниот живот со стриптизот. Сега работи како модел на платформата за возрасни, „OnlyFans“ и заработува милиони.

Пораснала во баптистичко семејство во кое улогите биле многу строго поделени на „машки“ и „женски“. Меѓутоа, таа не била согласна со црквените учења.

Во црквата ми зборуваа како жените не би требало да стојат на говорница, туку оти нивна работа е да бидат слуги на другите. Религијата ме научи да се задоволувам со малку и да не барам ништо повеќе, а мојата единствена работа беше да слугувам, рече таа.

Како што тврди, за време на „црковната кариера“, два пати завршила во болница. Ова било знак дека треба нешто да промени и да работи нешто што го сака. Така всушност сфатила дека сака да биде стриптизета.

-Научив да ја преземам контролата врз мојот живот, а не да се предавам на другите, изјави таа.