Димитар Апасиев зема околу 1.500 евра собраниска плата. За шест месеци како пратеник има заработено од народна каса околу – 12.000 евра.
Но, ни продава басни како татко му земал 200 евра пензија!




Што ти е, бе, булко, на кого мислиш дека ќе шиткаш шибицарски муабети – па, и мајка ми зема 250 евра пензија, ама јас немам 1.500 евра месечни приходи како тебе и не користам по ниеден основ народни пари!
Плус како партија од Буџет, ,,Левица”, ќе земат околу 150-200.000 евра. Тоа, ,,црнава кошула” не го кажува на јавноста. Мисли, заборавено е.
Од овој државен ,,колач”, од овие пари, Апасиев и другарчињата му, не донираа дел јавно за стечајци и социјални групи, за оние кои ,,црнава кошула” ја гласаа, а кои тој ги ,,брани” и ги жали само со статуси.




Апасиев е ,,натоварен како брод” со сите овие суми, во однос на наш стандард. Но, тој уште вози скапана ,,алфа” за да не дознае народ колку му тежи џебот и ,,продава” детски прикаски од Ханс Кристијан Андерсен дека ете навистина тој е тоолку сиромашен, просто кажано – девојчето со ќибритчиња.
Ма, дај!
Претходно дознавме и дека на ,,црнава кошула” и партијата им останаа заробени 30.000 евра во банката на Трифун Костовски. А, претходно ,,девојчево со ќибритчиња” – земаше 50.000 денари хонорар од СЈО.
Овој човек цел живот е на државна цицка, цел живот кешира големи суми, не сум сретнала податок дека во одреден дел од својот живот создал нешто свое.




Или дека работел во приватен сектор да запоти задник, место да си куцкаат цело друштво по социјални мрежи, па да бришат постови од типот – ,,децата крв ќе ви плукаат”.
Колку трогателен внатрешен порив за одмазда кон ,,црвената буржоазија” наспроти кешот кој ,,децата на стечајците” сега го трупаат од Буџет и чиј мирис им е дотолку опиум, да не знаат веќе ни што пишуваат.




Пополека, Апасиев со клетвите на 1.500 евра плата и 200.000 евра (народни пари) кои ти влегоа во партиска каса.
Не си играј со народ. Кога-тогаш ќе те осознае убаво истиот тој народ кој те донесе во топла кожена фотелја, со греалка под нозе и секретарка за носење кафе и виски. Вакви прикаски ко твојава, одамна не проаѓаат кај нашиов напатен народ кој работи трета смена за 14.500 ДЕНАРИ. Не, евра.
Joci.mk