За да знаете кои се вашите вистински вредности, потребно е правилно да се измери, а лекарите предупредуваат на грешката што ја прават повеќето луѓе.

Високиот крвен притисок доколку навреме не се регулира има многу сериозни последици по здравјето, а кои може да бидат дури и фатални. За да знаете кои се вашите вистински вредности, потребно е правилно да се измери, а лекарите предупредуваат на грешката што ја прават повеќето луѓе.

Доколку користите „старомодна“ направа и премногу ја затегнете „манжетната“ на раката, уредот ќе покаже неправилни вредности на крвниот притисок, предупредуваат експертите.

„Ако премногу ја затегнете „манжетната“, тогаш вашиот притисок ќе биде поголем отколку што навистина е“, објаснуваат кардиолозите од Британскиот кралски колеџ.

Како правилно да се измери?

Лекарите советуваат манжетната да биде поставена така што нејзиниот раб да биде два до три сантиметри над зглобот на лактот. Во овој случај, „цревото“ треба да се наоѓа на внатрешната страна на раката, а дали сте премногу стегнати ќе дознаете така што ќе го ставите прстот помеѓу манжетната и раката. Треба лесно да „влезете“ во него.

Раката треба да биде поставена така што да биде на ниво на срцето, во спротивно уредот исто така ќе прикажува повеќе од реалните вредности.

Лекарите открија и кои вредности се сметаат за идеални за здрава личност – тоа е 120 од 80, а на луѓето кои страдаат од хронични заболувања им се дозволени малку повисоки вредности на горниот притисок – 125-140 од 80.