„Денес ништо не допрев, ниту пак ќе допрам некогаш повторно – барем овде“

Соседските односи често се ставаат на тест во секојдневни ситуации, особено кога е потребна заедничка акција или меѓусебна помош. Временските непогоди, дефектите и сличните проблеми брзо покажуваат колку луѓето се подготвени да се вклучат, но и колку очекуваат некој друг да ги реши заедничките обврски.

Токму таква ситуација неодамна опиша Маја на социјалните мрежи. Во својата објава детално раскажа како сама го чистела снегот пред зградата, како реагирале соседите и колку била разочарана од нивниот однос и „понудите“ што ги добила.

„Го чистев снегот болна. Така одлучив сама. Ми пријаше малку физичка активност. Не беше ништо тешко. Го повикав соседството да се приклучи. Сè господа – никој не сакаше. Напротив, имаше и предлози мене да ме плаќаат и понатаму јас да го работам тоа“, напиша таа.

„Уобразени селјаци“

„Денес ништо не допрев, ниту пак ќе допрам некогаш повторно – барем овде. Ќе учествувам во акции кога и да повика кој било, дури и институциите, затоа што сметам дека во вакви ситуации сите (освен болните и старите) треба да мрднеме малку. Круна од глава не паѓа – напротив, уште поцврсто стои“, додаде Маја.

Таа потенцираше и дека во зградата има деловни простории, како и станови што се издаваат на ден.

„Ако нив не ги интересираат клиентите, мене од сега уште помалку ме интересира за нив. Уобразени селјаци“, напиша таа.

„Толку за нас“

Под објавата следуваа бројни коментари од луѓе кои и самите се разочарале од соседите во слични ситуации.

„Од речиси 200 станари, само еден сосед чистеше, а потоа и сестра ми. И јас ќе чистев, ама имавме една лопата па за малку ќе се скаравме кој да ја земе. Имаше две вреќи сол – некој украл една! Толку за нас“, напиша една корисничка.

„Ова е прашање на општа култура“

Друг корисник додаде:

„Јас чистев пред некоја вечер и, нормално, и кај соседите – затоа што нема каде да се оди. Освен погледи низ прозор, никој ништо. Една немоќна баба ми сипа две ракии да се стоплам – и тоа беше сè.“

Меѓу бројните коментари, една жена заклучи:

„Исто – ја чистам целата улица во ширина на мојот двор, ме гледаат како да сум ненормална. Сметам дека ова е прашање на општа култура, која за жал многумина ја немаат. Кај нас физичката работа е понижување, затоа сме затрупани со снег, коров и ѓубре покрај патиштата.“