На екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, нема да му се суди за уништувањето на опремата за прислушување, бидејќи кривичното дело за кое се гонеше му застари.

Судскиот процес „Тврдина-Таргет“, кој се однесува на незаконското прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година се наближува кон крајот, а поради застарување ќе отпадне едно од кривичните дела на обвинетиот Мијалков.

Имено, застарува само влијанието на Мијалков за уништувањето на опремата со која се вршело прислушувањето, додека пак носечките кривични дела за нелегално прислушување остануваат.

Товарот за унишување на прислушната опрема со цел да се сокријат доказите за следење на граѓаните, ќе остане врз обвинетата тогашна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, бидејќи обвинетиот поранешен началник Горан Грујевски е во бегство.

Region.mk