Кралицата Елизабета во последните денови од животот била весела и насмеана, а за тоа сведочат и нејзините последни фотографии.




Откако кралицата Елизабета Прва одби да се појави на собирот Браемар, многу важен настан во Шкотска, јавноста можеше да почувствува дека нешто чудно се случува со кралицата.
Инаку, според традицијата, Елизабета секогаш присуствувала на споменатиот настан, но овој пат го замолила синот Чарлс да ја замени.




„Одлуката е донесена за да се заштити кралицата од непотребни напори“, соопшти Бакингемската палата по тој повод.
Последните фотографии на кралицата Елизабета се направени за време на именувањето на новата британска премиерка Лиз Трус. Кралицата го прими новиот премиер во замокот во Балморал, а воедно е првпат кралицата да именува премиер во Шкотска.




За време на средбата со премиерката, кралицата била многу весела и насмеана , додека во раката држела стап на кој се потпирала. Сепак, еден детал од фотографиите ги вознемири нејзините субјекти.




Имено, додека таа му ја пружила раката на премиерката, на задниот дел од раката и е забележала голема модринка , а се отворила полемика за нејзината здравствена состојба. Многумина веќе почувствуваа во тоа време дека нешто не е во ред, имајќи на ум дека кралицата е многу стара.
Пред само еден ден беше објавено дека кралицата е во лоша здравствена состојба и е под лекарски надзор.




„По дополнителна проценка утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, соопшти палатата.




Сепак, само неколку часа подоцна беше објавено дека кралицата Елизабета Втора, за жал, ја загубила битката на животот и дека починала на 96-годишна возраст . Нејзиниот син, принцот Чарлс, ја наследил нејзината круна.
