Неверојатната способност на оваа жена да мириса посилно од другите и дала моќ да ја открие Паркинсоновата болест.




Благодарение на неверојатното откритие на една Шкотланѓанка, развиен е нов тест кој може да ја дијагностицира Паркинсоновата болест пред да се појават симптомите. Џој Милн (72) успеала да го искористи сетилото за мирис за да открие дека нејзиниот сопруг боледува од тоа 12 години пред да дознаат лекарите.




На неговите маици почувствувала дека мирисот на телото му се променил, не на местата под мишка, каде обично останува пот, туку на грбот. Причината, како што се испостави, е променетиот состав на себум – масна супстанција што ја лачат нашите лојни жлезди. Содржи и посебни состојки, карактеристични за телото на лице кое боледува од Паркинсонова болест.




Џој го открила ова благодарение на нејзиното исклучително силно сетило за мирис, особина што ја има во нејзиното семејство.




– Ноќта пред да почине, му ветив на мојот сопруг Лес дека ќе помогнам во истражувањето додека не се најде тест кој ќе помогне во борбата против оваа сурова болест – изјави Џој, која денес има пет внуци.




– Толку сум среќна што ја имам оваа способност и што можам да помогнам рано да се открие дијагнозата – рече таа.




Тестот што е развиен сега овозможува рана дијагноза на Паркинсоновата болест три минути по земањето брис од вратот на пациентот. Ова ќе помогне да се обезбеди терапија што е можно поскоро и да се зачуваат функциите на мозочните клетки, забавувајќи ја болеста.
