Телото на детето се уште не е пронајдено

Исак Калуа (52) и Лехуа Калуа (43) од Хаваи се обвинети за негрижа на нивната посвоена 6-годишна ќерка Изабела Калуа.

Двајцата се уапсени во средата под сомнение, речиси два месеци откако на властите во Хонолулу им соопштиле дека е исчезната, а по неа е започната голема потрага, пишува NBC News.

Властите во средата го претресоа нивниот дом во потрага по докази и телото на Изабела, кое сè уште не е пронајдена.

„За жал, она што започна како потрага по исчезнато девојче се претвори во истрага за uбиcтвo“, рече Раде Вадиќ, началник на полицијата во Хонолулу.

Двојката, која ја посвои Изабела пред две години, го пријави нејзиното исчезнување на 13 септември.

Властите веруваат дека голем дел од информациите дадени од Исак и Лехуа Калуа биле „лажни“, рече поручникот Дин Томс од Одделот за криминални истраги.

„Имаше некои изјави кои не се точни“, додаде таа.

На посвоителите им е одредена мерка притвор, а кога телото ќе биде пронајдено и доколку се покаже дека навистина биле вмешани во смртта на детето, им се заканува повеќегодишна затворска казна.