Министерката за култура и информации на Србија, Маја Гојковиќ денеска откри дека се пронајдени украдени уметнички дела, како што се кама и златен часовник Патек Филип, кои му припаѓале на поранешниот претседател на Југославија – Јосип Броз Тито.

Гојковиќ потсети и на успешната акција за пронаоѓање на многу скапоцена слика, неодамна откриена на официјална аукција во Цирих.

Во изјава за ТВ Прва, министерката за култура истакна дека крадењето артефакти е многу профитабилен бизнис на црниот пазар денес, а вредноста на украдените ремек-дела од Србија е околу половина милион евра.

Таа потсети на едно од последните исчезнувања, се работи за златна чанта, околу која во текот на 2019 година изби голема афера, а по случајот интензивно се трага деноноќно.

Ова уметничко дело е богатство од крајот на 19 и почетокот на 20 век, украдено од Музејот на применета уметност (МПУ) во Белград, а истата година исчезнаа и други предмети – нараквици, часовници, синџири, прстени.

Извор: Блиц.рс