Голема акција на Интерпол во која спречен е обид за внес на отровна храна во Македонија, дознава ТВ21. Информациите ги потврдуваат од Интерпол, Агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија, како и Царинската управа.

„Царинска управа на Република Северна Македонија учествуваше во меѓународната операција OPSON IX во времетраење од 1 декември 2019 до 15 јуни 2020 година, заедно со Агенција за храна и ветерина (АХВ) и Гранична полиција како дел од МВР,  а секако во целосна координација со Канцеларијата на Интерпол во Скопје. Операцијата OPSON IX се однесуваше на спречување на криумчарење и измами во трговијата со прехранбени производи и пијалаци, трговијата со фалсификувани прехранбени производи, како и трговија со супстандардни прехранбени производи и пијалаци“, велат од Царина за ТВ21.