Додатоци не треба да се земаат сами бидејќи предозирањето може да предизвика повраќање, дијареа, вртоглавица, метален вкус во устата, грчеви и главоболки.




Цинкот помага во растот на клетките, заздравувањето на раните, синтезата на ДНК и растот и развојот на фетусот. Кај мажите е важен за здравјето на простатата и плодноста, а кај жените помага при предменструални и менструални проблеми.




Мажите треба да земаат од 11 до 15 милиграми дневно, а жените од 8 до 12 милиграми. Сепак, суплементите не треба да се земаат сами бидејќи предозирањето може да предизвика повраќање, дијареа, вртоглавица, метален вкус во устата, грчеви и главоболки.




Најдобар начин за добивање на цинк е да јадете храна која е богата со овој минерал, а вашето тело најдобро го апсорбира на тој начин. Храната богата со цинк вклучува житарки, месо, грашок, млеко и јајца. Еве неколку знаци дека вашето тело има недостаток на цинк:




Често сте болни
Недостатокот на цинк го слабее вашиот имунитет, па затоа луѓето кои имаат недостаток на овој минерал често добиваат грип и цревни инфекции.




Дијареа
Една од инфекциите која често се јавува кај луѓето кои имаат недостаток на цинк е онаа која е предизвикана од бактерија која предизвикува дијареа.




Оштетена кожа и губење на косата
Цинкот е одговорен за нормалниот раст на клетките, па неговиот недостаток во организмот предизвикува опаѓање на косата и оштетена кожа.




Слабеење и анорексија
Заедно со недостаток на цинк доаѓа и недостаток на апетит. Доколку навреме не се утврди, овој недостаток на апетит може да премине во анорексија, се наведува на порталот zenskikutak.rs.
Оштетување на моторните и когнитивните функции на бебињата




Недостатокот на минерали од цинк кај трудниците може да предизвика оштетување на плодот, поточно оштетување на когнитивните и моторните функции.
